Преселувањето во Германија со себе носи и низа на обврски кои мора да ги исполните уште во првиот месец кога ќе пристигнете таму. Кандидатите кои долгорочно се вработуваат преку Контекст, пред да тргнат во Германија, задолжително следат предавање наречено „Први чекори“, каде ги информираме за сите предизвици кои им следуваат, но и за сите обврски со временски рок кои мора да ги испочитуваат. Станува збор за пријавувањето во општина, вадењето банкарска сметка, добивањето на даночен број, здравственото осигурување и слично.
Регулирањето на даноците и одбитоците од плата во Германија е доста поинакво во однос на Македонија. Прво се јавува разлика во даночните класи, а потоа и во начинот на плаќање на здравствено осигурување. Здравственото осигурување во Македонија е државно, додека во Германија здравственото осигурување го плаќате на приватни осигурителни компании. Иако се работи за приватно здравствено осигурување, сепак тоа е задолжително и секој треба да го поседува, без разлика за која осигурителна компанија клиентот се одлучил.
Со цел да им се намалат почетните обврски, најдовме начин како нашите кандидати да го регулираат здравственото осигурување пред да тргнат во Германија. Контекст е официјален партнер на осигурителната компанија Бармер, што ни овозможува да Ви посредиме здравствено осигурување во моментот кога ќе ја добиете визата.
Во минатото сме имале соработка со повеќе осигурителни компании, но во моментов соработувам исклучиво со Бармер, поради тоа што досега се покажале како најдостапни и за нас, но и за клиентите, најфлексибилни при промена на работно место или место на живеење, како и тоа што имаат телефонски броеви за лица кои говорат само англиски јазик и „теле-доктор“ каде имате 24/7 достапен лекар кој можете да го добиете на телефон.
Доколку веќе сте добиле виза, без разлика дали сте наш кандидат или не, посетете ги нашите канцеларии каде би можеле уште веднаш да го активираме вашето здравствено осигурување – БЕСПЛАТНО!