Приватна агенција за вработување Контекст Вработување Скопје
Оваа Изјава за приватност се однесува на доверливоста на личните податоци кои се собрани при процесот на аплицирање за студентска работа, сезонска работа и/или долгорочно вработување во Германија.
Агенцијата обезбедува дека вашите лични податоци се: обработуваат согласно закон, транспарентно и правично; собирани само за конкретни и легитимни цели; минимални, точни и ажурирани; чувани не подолго од потребното; обработени со соодветни мерки за безбедност.
Приватна агенција за вработување Контекст Вработување Скопје, ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 28 лок. 4 Скопје, ЕМБС: 7119038.
Добринка Демјански · тел: 075 462 651 · contact@kontext.mk
Обработката се врши врз основа на: дадена согласност на субјектот; исполнување на договор; исполнување на законска обврска (ЗРО, Закон за вработување и работа на странци и др.).
Вашите лични податоци кои се собираат за потребите на посредување се пренесуваат до соодветниот работодавач во Германија (земја-членка на ЕУ). Агенцијата ја известува АЗЛП за преносот согласно член 48 од ЗЗЛП.
Право на пристап, исправка, бришење, ограничување, приговор, преносливост и право да не бидете предмет на автоматизирано одлучување.
Согласноста може да се повлече во секое време — без влијание врз законитоста на претходната обработка.